Пејачката Шаима Ахмед, позната како Шима, беше осудена на две години затвор за секси спот. Истата казна ја добил и режисерот на спотот, а одлуката била донесена од страна на судот во Египет.
Во песната „I Have Issues“ пејачката провокативно јаде банана, се полева со млеко, лиже јаболко и флертува со учениците. Во една сцена е во долна облека, што е прогласено за „несоодветно и скандалозно однесување”.
Веднаш по објавувањето на спотот, пејачката Шима Ахмед беше уапсена и помина десет дена во притвор.
„Не очекував ова да се случи и да бидам цел на напад и омраза. Немав намера да навредам никого. Жал ми е”, пишува таа на социјалните мрежи.
Судот ја прогласи Шима за виновена за „поттикнување разврт и објавување неморален филм”