Приведена Мира Шкориќ

Полицијата во Белград вчеравечер ја запре пејачката Мира Шкориќ и таа кусо време била приведена. Еден од полицајците ја запрел поради редовна контрола, се посомневале дека по неа трага полицијата како соучесник во кривично дело и ја замолиле да влезе во полициското возило. Во возилото таа разговарала со полицијата, а тие потоа ја пуштиле.

„Малку ме ‘приведоа’, па што! Јас сум сомнително лице. Направивме петнаесетминутен разговор и заклучивме дека апсат погрешно лице. Извршија претрес, им ја покажав чантата и видоа дека не носам оружје со себе, па убаво се поздравивме“ рекла фолк пејачката, чиишто слики од средбата со полицијата се најдоа во српските медиуми.

Scroll to Top