Шест провокативно облечени девојки вечерва од 17 часот од излозите на булеварот „Св. Климент Охридски“ на скопјани им нудеа сексуални услуги. Секоја девојка има свој излог и поинаков настап по примерот на сексуалните работнички од борделите на Улицата на црвените фенери во Амстердам.
Излогот е дел од годинашното одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работнички. Случајни минувачи на булеварот дофрлуваа и свиркаа, но не се осмелуваа да им се приближат на девојките. Сообраќајот на булеварот е затворен и има присуство на полиција.
Минувачите имаат можност да разговараат со девојките, но преку стакло. Девојките ќе бидат во излозите на објектот до клубот „Вулкан“ од 17 до 22 часот, со пауза од 19 до 20 часот.