Роби Вилијамс имал излив во мозокот

Роби Вилијамс во септември откажа дел од концертите, вклучувајќи ја и турнејата во Русија. Иако медиумите пишуваа дека пејачот не сакал да настапува во Русија, неодамна тој призна дека лекарите му откриле абнормалности во мозокот и дека тоа е причината за неговото повлекување.

„Левата рака ми беше вкочанета и не можев да престанам да исфрлам плунка и да имам главоболка. Имав проблеми со дишењето, не можев да дишам правилно“, рекол Роби.

Лекарите за време на истражувањето во неговиот мозок пронашле „нешто како крв“, а тоа укажува дека Вилијамс претходно доживеал излив во мозокот. Лекарите му советувале да мирува, па Роби се вратил во Лос Анџелес, каде што почнал сериозно да внимава на своето здравје.

Scroll to Top