Пиштолот со кој е убиен Тупак бил најден уште во 1998 година, а потоа мистериозно исчезнал

Повеќе од 20 години по убиството на Тупак Шакур во Лас Вегас неговата смрт не престана да ја интригира јавноста, а како бомба одекна информацијата кога полицијата во 1988 година го открила оружјето со кое бил сторен злосторот.

Убијците на славниот рапер не се откриени, а неговата смрт e предмет на многубројни теории на заговор. Затоа, и не чуди фактот што големо внимание привлече документарецот Who Killed Tupac?, во кој прв пат се наведува дека оружјето со кое е убиен Шакур е пронајдено во 1998 година во Комптон, озлогласениот кварт на Лос Анџелес.

Еден од жителите на Комптон пиштолот „глок“ го пронашол на 30 мај 1998 година во дворот на својата куќа и го пријавил во полиција.

На почетокот на 2006 година заменик-шерифот Т. Бренан ја препознал адресата на која е пронајден пиштолот и на која живеела девојката на еден од членовите на бандата „Крип“, со која Тупак своевремено бил во конфликт.

Бренан веднаш побарал балистичко тестирање на оружјето и се утврдило дека тоа навистина е оружјето со кое е убиен Шакур.

И тука почнува новата разврска. Било логично пиштолот веднаш да биде испратен во Лас Вегас затоа што таму се водела истрага за убиството на Тупак, но челниците на полицијата на Лас Вегас велат дека пиштолот никогаш не стигнал до нив.

Од друга страна, од полицијата во Лос Анџелес не сакаат да кажат каде во овој момент се наоѓа оружјето.

 

Исто така, се зборува дека федералните истражители барале оружјето да не се предаде на полицајците од Лас Вегас и потрагата по информации да се чува во тајност за сторителите да не бидат алармирани и да побегнат.

Како и многу други детали поврзани со убиството на Тупак, и ова образложение звучи чудно и во секој случај мистериозно за тоа како и кој го уби Тупак во септември 1996 година.

Scroll to Top