Шефицата на протоколот на премиерот Зоран Заев, Иванна Хаџиевска снимаше нова фотосесија, за македонскиот бренд “Кокев“, чије заштитно лице е некогашната водителка во А1 телевизија.
Дел од фотографиите се направени во детски парк, а под сликите кои ги сподели Иванна, напиша :“Можам се’ и правам се’… само најтешко ми е да му бидам родител на детево во мене“.
Освен во елегантен фустан, Иванна се сликаше и во спортска комбинација.
Иако влезе во политика, Иванна и денс, снима фотосесии за Тања Кокев, но покрај модата, таа се занимава и со хуманитарни акции за помош на децата со ретки болести. Таа е и активист за заштита на животните.