Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, особено е активен на својот фејсбук-профил, на кој често знае да сподели интересна фотографија или коментар што не е поврзан со политиката.
Овој пат се пофали со селфи дека е кај Адо на фризер во пауза меѓу две средби, од која едната со министерот за надворешни работи на Унгарија.
„Кај Адо магионичарот на спастрување и подмладување“, напиша шефот на дипломатијата.






