Филмската компанија Walt Disney за сума од 52.4 милијарди долари го купува „20 Century Fox“ , пишуваат американските таблоиди.
Во договорот меѓу Дизни и медиумскиот магнат Руперт Мурдок, вклучени се и 39% од акциите на „Фокс“ во „Скај“, како и филмското студио на „20 Century Fox“, објави компанијата „Disney“.
Мурдок започна како сопственик на еден австралиски весник, што го наследи од татко му како 21-годишник, за потоа да создаде медиумска империја.
Во филмскиот профил на Дизни сега влегуваат и оригиналната трилогија од Ѕвездени војни, Аватар, Симпсонови, Икс-мен и останатата продукција на Фокс и 20th Century.
Во купувањето се исклучечни телевизиските канали на Фокс и мрежата регионални телевизии во САД.