Mакедонскиот бенд „Фанк шуи“ го промовира новиот сингл „Стаклени нозе“. Оваа песна е најава за новиот албум кој треба да излезе во текот на 2018 година. Музиката и аранжманот се на момците од „Фанк шуи“, текстот е на Лука Ѓоргиевски, а песната е снимена кај Ангел Ќосев во студио „Подрумот“. Видеото го изработи Михаил Намичев.
„Делувањето во услови на нестабилно заледено тло и воздух без кислород нека ви биде припрема за тоа што следи кога зимата ќе помине. Одете низ огнот, не бегајте од него. Среќни празници“, велат момчињата од „Фанк шуи“ за новиот сингл.