(ФОТО) Моника Белучи сподели необјавена фотографија од пред 30 години

Актреката Моника Белучи, на својот Инстаграм профил објави нејзина фотографија направена пред 30 години.

Тогаш 23-годишната Белучи активно била ангажирана во модните кругови како модел, а фотографијата е за насловната страна на италијанскиот Elle.

 

Во коментарите под фотографијата ќе прочитате коментари дека Белучи изгледа подеднакво привлечно и сега со нејзините 53 години.

Белучи  во текот на својата кариера не правела екстремни трансформации во нејзиниот имиџ, па долгата црна коса и изразените облини секогаш биле нејзин карактеристичен печат.

„Не се оптоварувам премногу со својот изглед. Мислам дека премногу слабо не значи исто што и убаво. Јас сум жена со облини. Исто така не посетувам теретана, а обожувам да јадам чоколадо и тестенини и често со моите пријателки одам во ресторани”, е една од нејзините познати изјави на тема физички изглед.

Scroll to Top