Елката во Рим, поставена од градските власти, е во ужасна состојба, а Италијанците ја споредуваат со четка за тоалет.
Од елката паднале игличките две недели откако била поставена на плоштадот „Пјаца Венеција“ .
„Новогодишното дрво во Рим е овенато. Тоа е метафора за главниот град на земјата“, напишал еден жител на „Твитер“, додека друг прашал: „Кога почнува погребот?“
Се зборува дека дрвото не било соодветно заштитено за време на транспортот од Доломитите во северниот дел на Италија, како и дека за транспортот биле потрошени 50.000 евра.
Рим во последните години е во лоша состојба, има дупки на улиците, купишта ѓубре и несредени паркови, на што се пожали и папата Франциско.