Отидов да го разбудам, главата му беше нурната во перницата

Сопругата на актерот Срѓан Тодоривиќ за Пинк.рс раскажала како го пронашла телото на починатиот син.

„Јас го најдов Дејан. Не дишеше. Тоа се случи вчера попладне. Бутовите му беа помодрени, што е знак дека престанал да дише набрзо откога заспал. Претходно беше настинат, ама ништо не навестуваше ваква трагедија“, рекла таа.

Момчето било настинато неколку дена пред трагедијата, но ниту таа ниту Срѓан не помислувале дека детето нема да се разбуди.

„Бевме кај лекарката која ни рече да продолжи да пие антибиотици уште два дена, а во понеделникот тргна во градинка. Му беше подобро, но имаше секрет. За викенди го оставаме да спие подолго, па и вчера решив да го оставам да поспие подолго. Кога отидов да го разбудам, главата му беше нурната во перницата. Тој не е бебе, бебињата не можат да реагираат ако заспијат така, а тој има три и пол години. Би слушнала некаков звук, го слушам секое негово вдишување и издишување. Сакаше да спие покрај мене вчера, ама јас бев во дневната соба и сакав да запалам цигара, па за да не го вдишува чадот, го префрлив во неговата соба. Кога забележав дека не дише, повикав итна помош, го реанимиравме, мислев дека помина вечност додека да дојдат. Реанимацијата траеше половина час, дојдоа двајца мажи и една жена која не можеше да се воздржи да не заплаче. Јас само  ја гледав ужасната сцена“, рекла Ана.

Обдукцијата на телото на Дејан ќе биде извршена денеска, а според зборовите на Ана, лекарите ќе проверат дали имал срцева аномалија за која таа и Срѓан не знаеле.

Scroll to Top