Фолк- пејачката Елена Велевска во пресрет на Нова Година, направи новогодишна фотосесија. Во секси издание, таа се сликаше покрај украсената елка, и испрати порка до сите, дека посакува секому убаво да му се случи во годината што доаѓа.
Елена имаше успешна година. Од настапи во земјава, турнејата во Автсралија, снимаше нови песни, оствари соработка со бугарската продуцентска куќа „Пајнер“.
По настапот на “Роса фест” каде ја испеа “Прва во се”, пејачката Елена Велевска пред извесно време го промовираше и новиот спот за песната “Срце бакшиш ќе ти дадам” која ја испеа на фестивалот “Валандово“ пред две години.