Денес ќе биде кремиран синот на Срѓан Тодоровиќ

Синот на познатиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ,  Дејан (3) денес во 16 часот  ќе биде кремиран на Новите гробишта во Белград и положен покрај својот дедо, актерот Бора Тодоровиќ.

Ненадејната смрт на тригодишниот Дејан ја шокираше јавноста, а обдукцијата на детето покажа дека причина за трагедиајта е т.н. синдром на ненадејна смрт кај децата СИДС.

Детето во средата попладне во семејниот стан на Врачар заспал, но повеќе не се разбудил, а прва која го видела е неговата мајка Ана. Набрзо стигнала и брзата помош, но за жал лекарите не можеле ништо да направат.

„Заспа и околу 18.30 часот се обидував да го разбудам, но беше потонат во постелината, усните му беа сини, јас се исплашив и вриснав. Се обидов да го разбудам, но безуспешно“, раскажува потресно мајката Ана Тодоровиќ.

„Како колега, пријател а посебно како родител, може да порачам дека утеха тешко ќе најдат, посебно не во суровото ангажирање на медиумите, на кои ниту смртта на детето ниту која било трагедија не им е света! Не е ова ништо лично против ниту еден медиум. Би сакал сите заедно да ги оставиме да тагуваат во мир. Сите“, рекол актерот Тихомир . Писателакта Јелена Бачиќ Алимпиќ потресено изјави дека губењето на дете е најголема трагедија која може да му се случи на едно семејство.

Според кажувањето на мајката на детето Ана и маќеата на Жика, Каролина, малиот Дејан бил малку болен и пиел антибиотици, на кои, колку што се знае не бил алергичен.

Scroll to Top