Синот на српскиот глумец Срѓан Жика Тодоровиќ и неговата сопруга Ана, денес беше испратен во својот вечен дом на Новите гробишта во Белград. Кремирањето на малиот Дејан било нешто по 16 часот, денес, а од него се опростија членовите од неговото семејство, како и пријателите и блиските на актерот и неговата сопруга. На последното испраќање, родителите на малиот Дејан неможеле ниту да се соземет, ниту да ги смират солзите, пренесуваат српските медиуми.
На гробиштата биле и макејата на Жика, поранешниот фудбалер Ненад Бијековиќ, Ева Рас, Драган Бијелогрлиќ, Аница Добра. Урната од кремирањето на Дејан ќе биде закопана покрај неговиот дедо, славниот актер Бора Тодоровиќ.