Жените од сите краеви на светот сакаат да изгледаат помладо, односно да ги намалт борите на лицето. Ви откриваме неколку природни рецепти против стареење од разни делови на светот.
Кинеските прават маска од двата најпознати видови чај – зелен и бел. Бидејќи и двата се богати со силно анткоксидантно својство, клетките на кожата забрзано ќе се обновуваат и се забавува појавата на нови бори.
Рецептот е едноставен – три лажички зелен чај во прав се мешаат со три лажички сварен бел чај додека не се направи паста, а потоа се додаваат неколку капки сок од лимон. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја да дејствува 15 минути и измијте ја со млака вода.
Индијките се служат со чај од ѓумбир, а потоа на лицето се нанесува и маска од свежо изрендан ѓумбир со малку мед. Овој препарат против стареење дејствува антибактериски и го смирува воспалението, а ѓумбирот спречува уништување на природниот колаген.
Во Мексико рацете се негуваат со пилинг од лимон и шеќер. Лимонот дејствува како антиоксиданс и помага во задржување на хидратацијата на рацете, а шеќерот ги отстранува мртвите клетки на кожата, го изедначува тенот и ги избелува дамките.
Рецептот лесно се памети: две шолји шеќер, една шолјичка маслиново масло и пет лажици сок од лимон се мешаат во хомогена смеса и се нанесува на рацете, па по десетина минути се измива со млака вода. Пилингот без проблем може да се чува во тегла на темно и ладно место, па можете да го користите се додека не ја потрошите таа количина.
Французинките својот младешки изглед го одржуваат со екстракт од семки од грозје, кој го подига нивото на антиоксиданси во крвта, поттикнува производство на колаген и ја чува еластичноста на кожата. Секој ден би требало да се зема 100 мл екстракт, што одговара на количината од еден килограм грозје.