На статуата на српскиот актер Драган Николиќ, којa пред два месеца беше поставенa во паркот во Врњачка Бања, повторно ѝ недостасуваат очилата. Ова е вторпат споменикот, кој е поставен на само десетина метри од влезот во изворот Топла вода, да биде осквернавен.
Статуата на актерот беше поставена на 26 октомври, а само пет дена подоцна беа откинати дел од очилата. Тогаш очевидци наведоа дека не биле во прашање вандали туку сплет на несреќни околности.
„Очилата беа искршени кога едно дете додека се сликаше се фати за нив“, рекле тогаш очевидци.
По поправката беше упатен апел до посетителите кои сакаат да се фотографираат покрај статуата да внимаваат, да не се потпираат на неа и да не ја оштетуваат.