Српската фолк-пејачка Лепа Брена била жртва на хакери. Непознати лица ја презеле контролата на нејзините профили на социјалните мрежи, па Брена немала пристап до „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Профилите ѝ се вратени, лозинките сменети, а пејачката случајот го пријавила во полиција од која очекува да ги најде виновниците.
„Крадењето лични податоци е кривично дело. Се навикнав на шок ситуации. Веднаш ги побарав надлежните органи во Белград и мојата екипа од Гранд. Тоа ќе се реши“, рекла Брена за „Блиц“.