Една од нашите најпознати домашни модни дизајнерки, Маја Кикириткова, стана мајка. Таа има син, а бебето се роди на нејзиниот роденден. Радосната вест таа ја сподели на својот фејсбук-профил.
„Дојде неочекувано, малку избрза за среќата да биде уште поголема. Сакаше да бидеш јарче мое и да ми бидеш најубав подарок за роденденот мој. 22.12.2017 е новата историја за мене, новиот живот, новото ти. Ти си мојот јунак, ти си мојот борец. Те сакам ,синко мој, животот би го дала за тебе“, напишала дизајнерката.
Маја летово се омажи со Александар. Свадба за која на големо се зборуваше затоа што беше по сценарио на филмскиот хит „Големиот Гетсби“ . Пред да се одлучат за брак, речиси две години беа во врска.