Глумците Гораст Цветковски и Сашко Коцев, преправени како Дедо Мраз и неговото џуџе-помошник дојдоа во домовите на неколку свои пријатели и им донесоа новогодишни пакетчиња. Тие ги посетиле домовите на режисерот Срѓан Јаниќиевиќ и Кристина Арнаудова, меѓу другите.
„Сашко и Гораст се костумирале во Дедо Мраз, купиле подароци и отишле кај сите пријатели што имаат деца да ги израдуваат“, напишал режисерот.
Фотографиите од збунетиот Максим, синот на Кристина, кого го разбудиле од спиење и од „лошиот Дедо Мраз“ и насмеаното џуџе, Арнаудова ги објави на своите профили на социјалните мрежи.
„Дојдоа Дедо Мраз и џуџето. Всушност ‘лошиот’ Дедо Мраз“, напиша таа под фотографиите. Потоа додаде дека Максим воопшто и не се сеќава дека Дедо Мраз дошол во неговата соба за да му донесе пакетче.