Македонскиот мејкап-артист Даниел Николовски реши малку да се одмори од работата и да летува на Куба среде декември.
„Куба е досега дефинитивно моето најубаво искуство кога се островите во прашање и не се споредува со ниту еден друг. Но, не може да се спореди и со ништо друго поради луѓето што живеат таму, кои заработуваат по 40-ина долари месечно и се едни од најсреќните нации во светот“, ни рече Даниел веднаш по враќањето дома.
Даниел вели дека земјата ќе ја памти по преубавите песочни плажи, по забавата за која живеат Кубанците и ја има буквално на секој агол, по природните убавини и по најпозитивниот народ што некогаш го запознал.
„Повеќето од времето поминато на Куба одморав бидејќи имав напорна работна година. Но, освен одморањето на плажа, морав да ја видам и Хавана, каде што дознав многу за историјата на оваа земја“, рече Даниел, кој е личноста со најголем број инстаграм-следбеници во Македонија, па дел од фотографиите од патувањето ги сподели и со нив.
„Набргу би ја посетил земјата пак, но овој пат одморен, со полни батерии за да уживам во забавата 24/7 зашто забавата на Куба вреди најмногу од сè“, раскажа Даниел за „Репортер“.
Андријана Јовановска