Актерите Весна Петрушевска – Бејби и Игор Џамбазов заедно ја пречекаа 2018 година во кафеана. Неколку фотографии од нивното празнично дружење објави Весна, која на своите пријатели и следбеници на „Инстаграм“ им ја честита Новата година и напиша: „Љубов и среќа. Ве сакам сите. Нов почеток. Диши длабоко“.
Весна и Игор глумат сопружници во претставата „Брачна игра“, а нивното другарство трае неколку децении.
(А.Ј)