Шекеринска и Шилегов во барокниот МНТ ја пречекаа 2018

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, за пречекот на Новата година била во МНТ, на стендап-комедија со Сашко Коцев. Во публиката исто така бил и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кого Биба Додева, која беше дел од пејачите што пееја на сцената, јавно го поздравила во публиката. На сцената на МНТ, театарот што публиката го нарече златен, каде што и годинава се организира пречек со пиење, закуска и многу музика, освен Сашко Коцев, кој ја смееше публиката до солзи, пееја и Александар Митевски и Бени Шаќири. Твист-музика за гостите во новогодишната ноќ им пуштал познатиот диџеј и новинар Драган. Б. Костиќ.

(А.Г)

Бени пееше на дочекот во МНТ
Scroll to Top