Гери Олдман добил никотинско труење од пури поради улогата на Черчил

Британскиот актер Гери Олдман (59) претерал со пушењето играјќи го Винстон Черчил во воената драма „Најтемниот час“.

Освен што помина низ непрепознатлива физичка трансформација за да го глуми британскиот премиер од Втората светска војна, тој исто така ја прифатил навиката на Черчил да пуши пури за време на снимањето.

Олдман во новогодишно шоу на Би-би-си кажа дека добил никотинско труење за време на снимањето, а буџетот за пури бил поголем отколку што биле платени некои актери.

„Не пушам веќе, но добив никотинско труење. Пушев по 12 пури дневно. Испушив пури за 30.000 фунти за време на снимањето. Една е 50 фунти, а пушев по 12 дневно, па имав стомачни тегоби цели три месеци додека траеше снимањето. За време на божикната пауза сите си заминаа и украсуваа елки и одеа на шопинг, а јас бев во болница.“, кажа Олдман во шоуто на Греам Нортон.

Scroll to Top