Годишен хороскоп за 2018 година

Овен
Почетокот на годината ќе ви биде напорен, но од јули следи период на олеснување. Партнерските, брачните и работни односи ќе бараат да се ангажирате повеќе. Ќе се менувате во односите со другите. Ќе научите да прифаќате и да бидете критикувани. Ќе бидете отворени за соработка, искуството на постарите ќе ви значи, ќе го почитувате и ќе го прифатите. Новите работни предизвици ви се поттик, ама оваа година повеќе ќе ве привлекуваат приватните обврски и пријателите. Кон крајот на јули ќе решите многу приватни проблеми кои долго ги имате. Ќе стигнат и наградите од вложувањата во работата. Од ноември повторно ќе тргнете во нови работни подвизи.

Бик
Во првите шест месеци од годината планетите ќе ви бидат наклонети и ќе ве поддржуваат во сè што работите и во она што мислите да го започнете, посебно кога е работата/образованието во прашање. Ќе ја имате наклонетоста на претпоставените, финансиите ќе ви одат од рака, а ќе имате и многу можности за унапредувања во работата. Но со влегувањето на Сатурн во Лав подгответе се за новитети во наредните две години што следуваат. Следат промени во домот, а Биковите тоа тешко го прифаќаат. Сакате работите сами да ги контролирате, но ќе бидете немоќни нештата да ги задржите по старо. За среќа, знаете тврдоглаво и упорно да се борите со проблемите.

Близнаци
Во 2018 година ќе ја имате поддршката од планетите. Јупитер во Вага до крајот на годината ќе ви олеснува и ќе ве штити од непријатни изненадувањата. Во текот на летото ќе ви се подобри финансиската состојба и по подолг период ќе го решите проблемот со долговите. Периодот од јули до октомври е добар за домот и семејството, имате можност и  за нови вљубувања, забава, патувања. Ќе се раздвижите кон крајот на годината, но тоа и не е така лошо за забава.

Рак
До почетокот на август напнатоста во домот и со роднините ќе ви одзема голем дел од времето. Периодот од две напорни години ќе заврши и во втората половина од годината со многу олеснување ќе можете да се справите со останатото. Овој пат енергијата ќе ја насочите кон финансиите кои ви се најважни по семејството. Емоциите ќе се стабилизираат, со финансиите одлично ќе се справувате, а со тоа за вас проблемите се решени. Кон крајот на годината ќе имате нов мотив за успех, а ќе станете и тврдоглави, нешто ново за вас. Трпеливоста ќе биде вашето најсилно оружје со која успевате да го добиете посакуваното.

Лав
Ова ќе биде година што ќе ја паметите. Во втората половина на годината ќе доживеет многу радикални промени, професионално и приватно, со чувство дека сте на крстопат во животот. Годината ќе почне убаво. Во првите шест месеци ќе имате многу позитивна енергија со која ќе покажете креативност на сите полиња. Убава пролет, патувања и заслуги кои одамна ги чекате. Есента ќе ви почне со нервоза и проблеми. Ќе ви треба многу самоконтрола, трпеливост и флексибилност за да излезете на крај со кризниот период. Искуството и поуките од минатото многу ќе ви помогнат негативните промени да ги свртите во своја корист.

Девица
Ќе имате позитивна енергија што ќе ја искористите корисно и конструктивно. Годината ќе ви почне нервозно, но потоа следуваат пријатни изненадувања на приватен план. Кон крајот на годината работите лесно ќе ви одат од рака. Ќе станете свесни за сопствените вредности, ќе знаете што е најубаво и како добро да го покажете. 2018 година ќе биде добра за вложување, за брак и за сè што сте наумиле. Ќе има периоди кога ќе бидете збунети од леснотијата со која ви се одвиваат работите, вие не верувате во среќа, а сте премногу скромни да признаете дека тоа е ваша заслуга.

Вага
До ноември ќе ги искористите сите дадени шанси, а лесно ќе смените работа или ќе направите промена во изгледот. Лагодноста во првите десет месеци не смее да ве занесе зашто крајот на годината моѓе да е многу тежок. Не смеете да претерате ни со задоволствата. На крајот на годината ќе се посветите на работата, но нема да го запоставите ни приватниот живот. Вие постојано ја имате насмевката од која никогаш не се откажувате.

Скорпија
Искористете ја првата половина од годината за планирање, а во вториот дел тоа да го реализирате. Но нема сè да оди како што сте наумиле. За среќа, нема лесно да се откажете, ниту да се повлечете. Во текот на летото ќе испланирате како подготвено да го дочекате крајот на годината. Одлучно се справувате со сè, не дозволувате никому и ништо да го поремети вашиот мир. Радикалните промени кои ќе ги направите кон крајот на 2018 нема да ве променат.

Стрелец
Ова ќе биде година кога ќе имате можност да ги остварите долгорочните желби и планови. Без разлика дали станува збор за љубов, финансии, работа, ќе имате помош од другите. Вашите пријатели ќе бидат најсилно оружје. Пред вас е година на активен друштвен живот, склопување нови пријателства, година на многу патувања. Најдобрите резултати ќе ги постигнете со тимска работа и соработка. Во 2018 нема да ве одбегнат искушенијата и потребата за воведување ред во некои делови од вашиот живот. Ќе морате да менувате дел од вашите ставови, да преиспитате сопствени одлуки.

Јарец
Завршува периодот на кризи и преиспитувања. Првата половина од годината ќе биде позитивно динамична, ќе ги приведете кон крај започнатите планови и активности што две години не можевте да ги завршите. Ќе ви се врати чувството на сигурност и подготвеност да не оставате започнатото да остане незавршено. Ќе ги пронајдете грешките кои ве кочеле. Вашиот знак тешко се обесхрабрува, но долго време имавте проблеми со емоциите кои ве држеа да стоите на исто место. Крајот на годината ќе биде резервиран за љубов.

Водолија
Ова е година на остварување на целите, контакти со странство, многу патувања. Првата половина ќе ви биде посветена на работа, учење и финансиски добивки. Но со доаѓањето на есента доаѓа и пресвртница во вашиот живот која може да ве измести од патот. Проблеми во љубовта, семејството, работата, во домот. Многуте притисоци и спротивставувања ќе ви одземаат многу од енергијата која ви е непходна да бидете постојано напред. Година во која многу преставници од овој воздушен знак присилно ќе созреат поради обичните проблеми кои не сакаат реално да ги погледнат и прифатат.

Риби
Станувате свесни дека се менувате и не личите на себе. Вашите трансформации делуваат збунувачки на околината, но тие менувања ќе траат подолго и нека почнат да прифаќаат дека не сте веќе истите. Во новата година ќе станете свесни за тие промени, ќе почнат да ви годат, ќе почнете со ослободување и остварување на духовните цели. Брзо ќе ги тргнете сомнежите дека можеби грешите. Неуспесите кои претходно ве обесхрабруваа сега ги прифаќате како грешки од кои треба да се извлече поука. Ова е година на остварувања и желба животот да го поставите на здрави основи, а не на фантазии.

Scroll to Top