Српската пејачка Злата Петровиќ зад себе има три брака. Таа првпат се омажила на 14 години, родителите ја омажиле на сила. По две години избегала од мажот и брзо потоа се развела. За него одамна изјавила дека никогаш не го сакала.
Вториот маж ѝ е пејачот на народна музика, Хасан Дудиќ. Со него се омажила кога имала 16 години. Со третиот маж, Зоран Пејиќ – Пеја, се венчала кога наполнила 18 години. И од него се развела. Од браковите со нив двајца родила по едно дете.
За Злата, еден од сопствениците на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, рекол дека е најголемата љубов во неговиот живот. Таа пред многу години одбила да се омажи за него.