Британскиот актер Хју Грант ќе стане татко. Ова ќе биде негово петто дете во период од седум години. Хју долго време беше еден од најпосакуваните ергени во Британија и секаде изјавуваше дека воопшто не сака деца, ниту помислува да стане татко.
Според магазинот „Пипл“, Хју и неговата девојка Ана Еберстајн биле фотографирани на аеродромот во Њујорк Сити, каде што неговата партнерка го покажала трудничкото стомаче. Со Ана, 57-годишниот Хју веќе има ќерка и син. Во врска се од крајот на 2011 година.
Грант има две деца и со поранешната девојка Тинглан Хонг.