Супермоделот Синди Крафорд повторно ја сними рекламата за „Пепси“ од 1992 година, која предизвика големо внимание кај американската публика. Овој пат рекламата ја направи за потребите на годинешниот „Супер боул“, а друштво ѝ прави нејзиниот 18-годишен син Пресли.
Рекламата ќе почне да се прикажува на 4 февруари. Како и во оригиналната реклама, Синди ќе застане на бензинска пумпа за да купи „пепси“. Таа овој пат ќе биде во тексас-кошула наместо во белата маичка од старата реклама.
„Кога луѓето ќе ме видеа на улица, веднаш помислуваа на „пепси“, а во кафулињата ми праќаа пораки на лименки ’пепси’“, рекла Синди пред неколку години.