Третиот маж ми се погоди!

Фолк-пејачката Благица Павловска ужива во љубовата. Иако можеби малкумина знаат дека таа е третпат во брак, откако зад себе има две несреќни љубовни приказни, конечно сега е среќна.

„Доста ми е од сите разочараувања кои ги имав до сега, жената треба да има маж покрај себе кој вооедно ќе ѝ биде и најдобар другар. Да живеам сама не можам, а и не сакам, бракот е убава работа, но само ако ти се погоди партнерот. Мене, по третпат ми се погоди, така што сега оној мојот препознатлив хит навистина доаѓа до израз. Речиси секое утро на мојот сакан ќе му го испеам тивко на уво рефренот ‘Не можам, душо, не можам без тебе’“, изјави неодамна Павловска.

 

Scroll to Top