Актерот и директор на Драмски театар, Сашо Тасевски стана од интервју кај новинарот Васко Ефтов за време на снимањето на емсијат „Во центар“. Актерот стана среде интервју и замина, одкако Ефтов го обвини за двојни стандарди кои Тасевски наводно ги имал во свои ФБ статуси во врска со изборот на Талат Џафери од ДУИ за претседател на собранието.
„Тоа е колку сте бил инспираран од Талат Џафери. Сега не сте инспириран. Некој ви имаше ветено функција. Затоа молчевте. Тука е проблемот. Тоа се двојните принципи и стандарди“, рече Ефтов, по што Тасевски го извади микрофонот и стана од масата. Актерот рече дека не гледа зошто би останал. Моментот можете да го видите во видеото после 6:20 минути.
Емисијата „Во центар“ се емитуваше синоќа.