Ционистите уште во 1899 година планирале тајна колонизација на Палестина

Радикалните ционисти, уште во 1899 година, на една Конференција направиле извештај, кој бил објавен во весникот Њујорк Тајмс, во кој ја покажале својата намера за колонизација на Палестина.

Во текстот се објаснува како на конференцијата се расправало за документот од Англиската Ционистичка Федерација.

„Препорачуваме повторно основање на Јудеја, како независна држава, и тоа на начин на кој ќе се купат локации во Палестина, со што би се почнале со воспоставување на еврејски колонии, и еврејски економски училишта во ова подрачје.

Тоа дополнително објаснува дека земјиштето кое што требало да биде купено опфаќало околу педесетина хектари, и било во близина на морето и палестинското крајбрежје.

Понатамошните планови вклучувале и подрачје околу Ерусалим, поголем дел требало да го опфати палестинското крајбрежје. На собирот почнале да се собираат и првите донации за ваквата акција. Целта на меморандумот подоцна била споделена до сите еврејски друштва и поединци низ светот, со желба за понатамошни промени. Дали Евреите подоцна ќе ја остварат идејата, и денеска останува историско прашање.

Во меморандумот се нагласува дека Ционистите собрале сума на пари, која во тој период ја барале Американските Ционисти.

cionistička-kupovina-paslestine-konferencija

 

Во видеото подоле објаснето е дека Јудаизмот го мрази Ционизмот.

Како ционистите ја основале државата Израел? – 1948 година.

Во 1948 годиа прогласена е Декларадција за независност на државата Израел. Ја прогласил Давид Бен-Гурион, извршниот челник на Светската ционистичка организација. Декларација свечено е прогласена во еден музеј во Тел Авив, при што на ѕидот, стоел голем портрет од основачот на ционизмите Теодор Херзла.

Декларацијата е потпишана од страна на 37 ционисти, а меѓу нив стоеле и потписите на подоцнежната премиерка, Голда Меир и еврејскиот комунист Меир Вилнер. Интересно е дека САД го признал Израел за само 11 минути по стапувањето на сила на Декларацијата за независност. Со признавање потоа се јавија Иран (Мухамед Рез-шах Пахлави), Гватемала, Исланд, Никарагва, Романија, Уругвај, СССР, Полска, Чехословачка и Југославија.

Во составувањето на Декларацијата за независност, ционистите морале да одлучат кое име ќе ја добие новата држава. Предложени биле имињата на Цион, Јудеја, Херзлија (по Херзла), Цион, Ивриј и други, но на крајот е прифатен предлогот на Давид Бен Гурион, да се земе името Израел, кое се споменува како Ветената земја во Стариот Завет. Веќе следниот ден по прогласувањето на независноста, околните арапски држави извршиле инвазија на територијата на Израел.

Scroll to Top