Надица Горгиева, поранешен модел, во едно неодамнешно интервју изјавила дека не смета оти е најубавата жена во Македонија иако многумина ѝ го припишуваат тој комплимент.
„Не се доживувам себеси како најубавата жена во Македонија. Отсекогаш сум се негувала, а тоа го правам и денес. Сепак, не користам многу скапи препарати и се трудам моето лице, како и телото, да ги негувам со природни кремови“, рекла таа во интервјуто за „Вечер“.
Поранешната мис на Југославија неколку години е во брак со музичкиот продуцент Иво Јанковски.
„Бракот со Иво е најубавото нешто што ми се случило на љубовен план“, додала таа.
Надица одамна работи во протоколот на скопскиот аеродром „Александар Велики“ и е сопственичка на модната агенција „Моделс ин“, која ја води заедно со моделот Алек Наумовски.