На колумбиската пејачка Шакира ѝ се заканува казна затвор поради избегнување данок. Според Би-би-си и „Дејли мејл“, шпанските даночни власти побарале од обвинителите да ги истражат сите финансиски зделки на пејачката,
Колумбиската пејачка Шакира наводно е обвинета за избегнување данок од неколку милиони евра и може да заврши во затвор, пренесоа Би-би-си и „Дејли мејл“.
Даночните власти побарале од обвинителите целосно да ги прегледаат финансиските зделки на пејачката. Се сомневаат дека Шакира одбегнала да плати данок меѓу 2011 и 2014 година.
– Шакира живеела во Шпанија од 2011 до 2014 година и требало да плати данок на севкупната заработка од концертите што ги одржувала ширум светот, а не само за настапите во оваа земја – објаснувале даночните службеници.
Од даночната агенција додале дека управата побарала детално испитување на нејзините финансии.
Државните обвинители сега ќе треба да одредат дали се согласуваат со даночните власти, а ако се согласат, треба да покренат правна постапка.
Доколку се утврдело дека пејачката направила прекршување, против неа ќе биде покренато обвинение.