Златан Ибрахимовиќ оствари блескава фудбалска кариера, а негова најголема поддршка му е невенчаната сопруга Хелена Сегер.
Таа од него е постара 11 години, а по потекло е од Шведска. Тие имаат стабилна врска, а Хелена спаѓа во групата нетипична сопруга на фудбалер. Не се експонира во јавноста.
Таа е дипломиран економист и работи како маркетинг-менаџер. Имаат два сина – Максимилијан и Винсет.
Познатиот фудбалер кажува дека во домот понекогаш и готви и помага во домашните обврски. Не бега од ниедна обврска.
Во август минатата година Златан Ибрахимовиќ беше на летување во Сен Тропе со своето семејство, а со себе го зема и менаџерот Раиола, со кого е неразделен.
Хелена го привлекува вниманието каде и да се појави и на 46 години изгледа одлично.