Актерот Кирил Поп Христов пред околу еден месец се врати во Македонија од Еквадор. Но, денес предизвика големо внимание со изјавата што се најде на страниците на „Вол Стрит журнал“.

„Ако луѓето можат да живеат подобро, не ми е грижа ако ја викаат и ‘Дизниленд’. Што има во името? За Македонија, членство во Западот“, вели 50-годишниот Кили во изјавата објавена денес во американскиот весник.

Кога во декември се врати во Македонија, Кили гостуваше на телевизија Телма и во интервјуто таму рече дека му недостигала Македонија.

„Ја сакам оваа земја. Оваа земја ме создала, ме изнедрила. Парче душа имам овде,“ кажал тогаш актерот кој 3,5 години живееше на Еквадор.