Алек и Сани прогласени за Македонци со најмногу стил

Четврта година по ред модниот портал „Фешнел“ доделува награди поврзани со стилот и модата. Оваа година Алек Наумовски и Снежана Сани Богдановска беа избрани за луѓе со најмногу стил за 2017 година.

„Наградите се доделуваат под покровителство на Елена Лука. Мојата награда е Најстилски маж за 2017, а Сани Богдановска ја доби наградата за Најстилска жена за 2017“, рече Алек Наумовски за „Репортер“.

Тој додаде дека оваа награда му значи, особено што доаѓа токму од медиум кој се занимава со мода.

„Ова уште повеќе ме мотивира да работам и да живеам за модата“, ни рече Алек, кој со поранешниот модел Надица Георгиева е ко-сопственик на модната агенција „Моделс ИН“.

 

Scroll to Top