Почетоците на Пандев во дресот на Интер

Низ социјалните мрежи продефилира фотографија на која се наоѓа нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев, кој го носи дресот на Интер, во неговите најрани денови на некогашниот италијански шампион.

Пандев своите денови во Интер ги започна, првично во периодот од 2001 година до 2004 година, додека својата блескава кариера ја оствари од 2010 година до 2012 година.

На 4 јануари 2010 година, Пандев потпиша петгодишен договор со Интер, каде што го носеше дресот со број 27. Своето деби за Интер, Пандев го имаше против Киево, на 6 јануари истата година, кога Интер победи со 1:0. Својот прв гол за Интер, Пандев го постигна против екипата на Бари.

Подоцна, Пандев го освои вниманието на италијанската фудбалска јавност во победата на Интер над градскиот противник Милан, кога му асистираше на Диего Милито при постигнувањето на првиот гол, додека пак вториот гол биеше негово дело од слободен удар, како еден од најдобрите на колото. Во 2010 година, Пандев ги оствари најголемите успеси во својата фудбалска кариера, кога со Интер освои дури четири шампионски титули: првак на Италија, освојувач на купот на Италија, победник во Лигата на шампионите, заедно со тренерот Жозе Мурињо, и победник на Светското клупско првенство (постигнувајќи го првиот гол за Интер).

Успесите на Пандев продолжија и во 2011 година, кога со Интер повторно го освои Купот на Италија, при што тој непосредно учествуваше во постигнувањето на третиот гол за Интер. Во сезона и половина играње во дресот на Интер, Пандев одиграл 67 натпревар и постигнал 8 голови во сите конкуренции.

Неговиот единствен гол во европските натпреварувања за Интер можеби е и неговиот најважен гол кој го постигнал за клубот, погодувајќи ја мрежата на Баерн Минхен во осминафиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2010-11, за победа и пласман понатаму на неговиот тим.

 

 

Scroll to Top