Поранешниот модел Благица Мицова, најголемата љубов на Тоше Проески, роди ќерка, три дена по одбележувањето на неговиот 37 рденден. Радосната вест таа ја сподели на социјалните мрежи, а бебето го доби имаето Софија. Благица се породи во една од приватните болници во Скопје. Покрај Софија, таа го има и синот Александар кој има 4 години. Благица е во брак со бизнисменот Виктор, братот на поранешниот министер за образование , Спиро Ристовски.
Речси сите знаат дека таа беше најголемата љубов на поп-ѕвездата, а врската ја почнаа пред 20 години. Во 2006 година се разделија, па подоцна Тоше беше во врска со ракометарката Андријана Будимир. По неговата смрт , Благица никогаш ништо не кажа за нив двајца, ниту за домашните , ниту пак за регионалните медиуми.