Пејачката Ања Ветерова денес дозна дека добила 4-годишна стипендија да студира на „Беркли“.
„Утрово добив порака дека ме примиле на ‘Беркли’ со стипендија за 4 години. Многу сум возбудена. Едвај чекам да отидам таму. Тоа ќе биде нов почеток и навистина нешто многу големо за мене“, рече Ања за „Репортер“.
Таа додаде дека на најпрестижниот музички колеџ во Америка ќе замине на есен, за околу 8 месеци, откако ќе го заврши средното училиште.