Музичката група „Инструментал Бенд“за 2018-та година најавува бројни музички проекти од кои првиот ќе биде комплетно завршен и презентиран кон средината на месец февруари.
Бендот од Битола имаше успешна 2017-та година, а особено се горди на проектот „Полско цвеќе“ со кој ја одбележаа 10-годишнината од трагичната сообраќајна несреќа во која животот го изгуби поп ѕвездата Тоше Проески.
Спотот изобилува со сцени во кои уметникот Александар Поповски го црта портретот на Тоше Проески додека момците од музичкиот состав одат во посета на Спомен куќата во Крушево.
Првиот од новите проекти во 2018-та ќе биде презентиран кон средината на месец февруари, а ќе опфати македонски и балкански песни на кои „Инструментал Бенд“ ќе им даде нова свежина и атрактивност.
Музичкиот состав „Инструментал Бенд“ постои од 2005-та година, а во него членуваат Жарко Стојкоски – вокал, Александар Котевски – клавијатура, Димитар Наумовски – тапани, Никола Стојановски – соло гитара и Михајло Манојловски – бас гитара.