(ФОТО) Тамара згодна во мрежест корсет

Поп-пејачката Тамара Тодевска објави нова фотографија, на која изгледа убаво и секси. Облечена во црн мрежест корсет, таа ги собра симпатиите на „Инстаграм“ не само од обожавателите туку и од своите музички колеги.

Тамара неодамна се врати од ски-центарот во Боровец, Бугарија, и ова ѝ беше првото зимување заедно со ќерка ѝ Хана. Дека таму убаво си поминува, таа сподели фотографии на социјалните мрежи. Тамара, по паузата што ја направи поради раѓањето на ќерката, сега полека се враќа на музичката сцена. (А.Г.)

Scroll to Top