Ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, удри моторџија на булеварот 8 Септември во скопски Карпош. МВР го истражува случајот и најави детали кога ќе утврди за што се работи.
Возилото во кое бил поранешниот градоначалник, според очевидци, се уште е на коловозната лента на местото на несреќата.
Јакимовски не сакаше да зборува за несреќата.
„Ваш проблем, пишете што сакате. Сите ли што стојат овде направиле сообраќајка“, кусо изјави за „Макфакс“ Јакимовски.
Очевидци јавија дека тој, заедно со уште неколку луѓе, стои на тротоарот во близина на автомобилот.