Фолк-пејачката Елена Велевска облечена во бело и со пресувана коса е речиси иста како и српската пејачка Јелена Карлеуша, која вака беше облечена на последното снимање на „Ѕвездите на Гранд“. Елена денеска ја објави својата фотографиија на која е во речиси иста комбинација, а им се разликуваат само чантите.

Елена носи бела ролка, бели тесни панталони и бели потпетици, а и косата ѝ е направена со преса. Слично како и Карлеуша. Сепак, и ова наиде на воодушевување кај фановите на македонската фолк-пејачка.
