Најстариот син на поранешниот лидер на Куба, Фидел Кастро Дијаз Баларт, кој во време на смртта на кубанскиот лидер работел како нуклеарен физичар, извршил самоубиство на 68-годишна возраст.
Фидел Кастро Дијаз Баларт, во јавноста познат како Фиделито, си го одзел животот откако неколку месеци неуспешно се лечел од депресија.
Приватниот живот на кубанскиот лидер Фидел Кастро, како и многубројните деца кои ги криел од очите на јавноста до скоро биле непознати за Кубанците, но еден син и тоа како ѝ бил познат на јавноста.
МАЛИОТ ФИДЕЛ МЕЃУ ДВА ОГНА
Фиделито е добиен од бракот на Фидел Кастро и неговата прва сопруга Мирта Дијаз Баларт.
Имало голем спор меѓу Кастро и Мирта околу старателството. Мајка му го однела во САД кога бил на 6-годишна возраст. По револуцијата во 1959 година, Кастро успеал да го врати на Куба.
Сепак, Фиделито по полнолетството во Русија студирал нуклеарна физика под лажно име, Хозе Раул, и се оженил со Русинка.
ТАТКО МУ СЕ ВООДУШЕВИЛ ПА ГО ОТПУШТИЛ
Уште тогаш се забележувало дека малиот Фидел личи на својот татко, сакал моќ, а низ улиците секогаш се движел во друштво на телохранители.
Фиделито на Куба работел како нуклеарен научник. Се наоѓал на чело на нуклеарната програма на Куба во периодот од 1980 до 1992 година.
Бил најважна фигура во обидите Куба да развие нуклеарна енергија.
Фидел бил горд на работата на својот син, но по распадот на Советскиот Сојуз, ја укинал програмата.
Коментарот кој Кастро постариот го дал кога го отпуштил својот син бил многу необичен:
„Отпуштен е поради нестручност“.
Малиот Фидел се повлекол од јавноста појавувајќи се одвреме-невреме на некоја научна конференција или дипломатски настан.
Станал депресивен, огорчен на животот.
РОДНИНИТЕ ПРОТИВ ТАТКОТО
Роднините на Фиделито, од страната на мајка му, интересно, биле заколнати непријатели на комунизмот.
Марио Дијаз – Баларт, поранешен член на американскиот Конгрес и републиканец по политичка определба, како и Линколн Дијаз Баларт се од Флорида.
Отсекогаш се бореле против комунизмот и го презирале тоа за што се залагал Фидел Кастро.
НАСЛЕДНИКОТ НА ФИДЕЛ ВО ПИЖАМИ
Кубанците го сметале синот на Кастро за негов потенцијален наследник.
И двајцата со задоволство се појавувале во медиумите, а се памети моментот од 1959 година кога во текот на еден настап пред камерите Фидел и Фиделито се појавиле во пижами.
И покрај убеденоста на Кубанците дека ќе тргне по стапките на татко си, политиката никогаш не го интересирала.
„Никогаш немав политички амбиции. Целиот живот го посветив на науката. Велат дека семејството смислено се обидувало да ме турне во политиката. Не се согласувам. Фамилија Кастро не е еден човек, ниту еден конгломерат, туку повеќе различни визии и мината“, изјави малиот Фидел.
Не криел дека му за време на своето детство немал многу контакти со татко си.
„Не е тајна дека со татко ми не поминував премногу време во моето детство. Малку се слушавме. Куба во тоа време беше во тешка позиција во светот поради кризата околу Студената војна, и мирисаше на најлошото“, изјави Феделито мислејќи на прочуената криза во Заливот на свињите.
Фидел Кастро умрел во ноември во 2016 година на 90-годишна возраст.
СЕ УБИЛ ПОРАДИ ЧИЧКО МУ РАУЛ?
„На Куба постојат шпекулации дека Фиделито Кастро си го одзел животот поради депресија и разочараност од одлуките на чичко му Раул Кастро (86), братот на Фидел и наследник на местото претседател.
Фиделито, како и другите деца на Кастро, бил разочаран кога Раул Кастро го презел местото претседател ставајќи ги неговите деца во прв план.
Медиумите потсетуваат дека неколку важни луѓе околу Фидел Кастро во последните години од својот живот извршиле самоубиство.
Хејди Сантамарија, хероината од револуцијата, била во врвот на партијата кога во 1980 година на прославата на Денот на револуцијата се самоубила.
Еди Суњол, офицер кој подоцна станал судија, си го одзел животот откако Фидел Кастро се спротивставил на некои негови пресуди.
Фефелито Кастро, синот на Кастро, извршил самоубиство на 1 февруари 2018 година оставајќи зад себе три деца (Мирта Марија, Фидел Антонио и Хозе Раул) од првиот брак со Наташа Смирновоо, како и другата жена, Кубанката Марија Викторија Бареиро.