Ставре Јада ќе го носи државното знаме на отворањето на 23. Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг. Олимпијадата во Јужна Кореја ќе биде отворена на 9 февруари.
Нордиецот Ставре Јада на ЗОИ избори пласман со остварена А-норма, а во Пјонгчанг ќе се натпреварува во две дисциплини (спринт и трката на 15 километри).
Покрај Јада, во Јужна Кореја ќе се натпреваруваат и Викторија Тодоровска, односно Антонио Ристевски.
Тодоровска ќе настапи во нордиската трка на 10 километри во женска конкуренција, а Ристевски ќе се натпреварува во алпско скијање, во две дисциплини, слалом и велеслалом.
Покрај тројцата натпреварувачи, во Јужна Кореја ќе патуваат и тренерите Ѓоко Динески и Иван Лесески.
Македонската експедиција в среда ќе отпатува за Пјонгчанг.