Тања Кокев ја облече Фатиме

Специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи, се облекува кај познатата македонска дизајнерка Тања Кокев. Дека Кокев ја облекува Фатиме дознавме од Фејсбук профилот на Тања, која ги објави  фотографиите од судот, кога вниманието кон Фатиме, облечена во син капут, беше свртено кон нејзината чата „Гучи“.

Кокев веројатно мисли на капутот или чевлите кои ги носи специјалната јавна обвинителка.

Тања Кокев е една од нашите најистакнати модни дизајнерки, а наодамна најави дека конечно нејзиниот бренд ќе биде преставен на една од светските модни недели.

„Конечно ќе дознаат дека и во Македонија има мода“, рече тогаш Кокев.

Scroll to Top