Ај Кју ќе бидат македонските претставници на „Евровизија“ што ќе се одржи во Лисабон во мај. Тие ќе ја пеат песната Lost and found. Автор на песната е Бојан Трајковски, додека продукцијата е на Дарко Димитров.
На јавниот повик што го распиша Македонската радио телевизија пристигнаа 382 песни од домашни и странски автори, а жирито составено од музички новинари и претавници на јавниот сервис ја избра песната на Ај Кју како наш претставник.
Македонија во Лисабон ќе настапи во првото полуфинале што ќе се одржи на 8 мај.
(А.Ј)