Саша Матиќ среде зима летува на Занзибар

Фолк-пејачот Саша Матиќ одмора на Занзибар со семејството. На неговите социјални профили беа објавени неколку семејни фотографии од плажа.

Занзибар е една од најатрактивните дестинации за летување среде зима, заедно со Малдивите и Куба, а семејството Матиќ овој пат се решило за африканската држава.

Веднаш по враќањето Матиќ ќе почне да го подготвува својот голем концерт во белградската „Комбанк арена“. Спорен најавите, два концерта се веќе распродадени.

 

Scroll to Top