Пандев даде голови за победа на Џенова во дуелите со Интер и Лацио, а токму овие два клуба, Пандев ги оствари своите назабележителни, најзначајни и најголеми успеси во Серија А и Лигата на Шампиони.
Со погодокот постигнат синоќа против Интер, Пандев стигна до јубилејната бројка од 80 голови во Серија А. Тоа е постигнување со кое ретко кој играч во историјата на лигата може да се пофали. Што е уште поинтересно, овие 80 погодоци, Пандев ги има дадено со пет различни клуба.
Првиот гол Пандев го даде во дресот на Анкона, каде играше како позајмен токму од Интер. Тогаш како тинејџер даде гол и најави дека ќе остави своја трага во Серија А. Во Анкона одигра 20 меча, а остана само на еден погодок.
Потоа се пресели во Лацио, каде во 159 лигашки дуели даде 49 погодоци. Во Лацио остана од 2004 до 2009 година.
Враќањето во Интер, каде и ја започна кариерата во Италија, беше најдобриот потег на Пандев. За три години даде пет гола, но се радуваше на титула во Купот, во првенството, во Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Од Интер се пресели во Наполи, каде во Серија А даде вкупно 19 погодоци. По една година помиата во Галатасарај, повторно дојде во Италија, но овојпат во тимот на Џенова. Сега со Џенова има седум голови во 59 средби.
Кога ќе се соберат головите дадени во дресовите на Анкона (1), Лацио (49), Интер (5), Наполи (13) и Џенова (7), Пандев во Серија А има точно 80 погодоци, што е податок за респект.