Необична честичка која содржи мала количина на збогатен ураниум, а која е дел од нуклеарни горива и бомби, била пронајдена во атмосферата над Алеутските острови кај Алјаска, на висина од седум километри, соопштено е од Националната администрација за океани и атмосфера во САД.
Научниците од Националната администрација за океани и атмосфера во САД, нагласуваат дека честичката со збогатен ураниум-235 била забележана прв пат во дваесет години набљудување.
„Резултатите од анализата на движење на ветерот и моделот на дисперзија на честичките покажаа дека потеклото на честичката е од различни делови на Азија“, стои во истражувањето на научниците, а посебно се нагласени Кина, Јапонија и Северна Кореја.
Фактот дека честичката е откриена во август 2016 година, ја исклучува од катастрофата во јапонската електрана „Фукушима 1“, која се случила во 2011 година.
Научниците се сигурни дека честичката дефинитивно не е со природно потекло.
Еден од научниците кој работел на ова истражување, Деф Марфи, изјавил дека е прерано да се носи заклучоци околу можноста за атмосферска радијација која ја предизвикала честичката, поради тоа што честичката не претставува значајна количина на радиоактивни остатоци.